УТРО.мк

Пет лица лишени од слобода во Галичник – во шаторите пронајдени марихуана, кокаин, печурки и таблети

Пет лица лишени од слобода во Галичник – во шаторите пронајдени марихуана, кокаин, печурки и таблети
Vero

Пет лица се лишени од слобода во Галичник откако полицијата при претрес во шаторите каде престојувале пронашла повеќе видови наркотични средства.

Од МВР информираат дека на 4 септември 2026 година, во периодот од 19:20 до 20:45 часот, на местото викано „Стопанче“ во село Галичник, полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Маврово спровеле оперативна акција.

Во рамки на акцијата биле лишени од слобода пет лица – А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44), сите од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.

При претресот во шаторите каде што престојувале лицата, полицијата пронашла и одзела повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети.

Петтемина се задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Од МВР посочуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран