
Денеска (09.09.2026) во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје.
Поранешниот директор на „Државна лотарија“ кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба, утринава се предаде на ограните на прогонот, откако беше во бегство.
Во 05:35 часот, Перпарим Бајрами од Куманово, роден на 10 февруари 1993 година, самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи.
По Бајрами била распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик.
Мерката е потврдена, по што Бајрами е лишен од слобода и ќе биде спроведен на понатамошна постапка пред надлежните органи.
Со ова, по Артан Груби, уште едно лице по кое се трагаше е ставено на располагање на органите на прогонот.

















