УТРО.мк

Опожарено возило во Скопје – соседите спречиле поголема штета

Опожарено возило во Скопје – соседите спречиле поголема штета
Vero

Педесет и деветгодишен жител на Скопје пријавил дека му било опожарено патничко возило на паркинг простор во близина на Бит Пазар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 28 мај во 02:53 часот во СВР Скопје.

Според пријавата, непознати сторители со запалива течност ја полеле задната десна страна од возилото „Ситроен Берлинго“ со скопски регистарски ознаки, по што било запалено задното десно тркало.

Пожарот навреме бил забележан од соседите, кои успеале да го изгаснат пред огнот да се прошири на останатиот дел од автомобилот.

Полициски службеници извршиле увид на местото, а од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран