
Три лица, меѓу кои и еден малолетник, биле приведени откако физички нападнале полициски службеници при извршување службени дејствија во скопската населба Карпош.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 мај 2026 година околу 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.К.(19), Н.К.(27) и 16-годишник, сите од Скопје.
Како што информираат од полицијата, лицата претходно физички нападнале полицајци кои биле на должност.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.















