УТРО.мк

Обвинителката побара најстрога казна за штипскиот угостител

Обвинителката побара најстрога казна за штипскиот угостител
Vero

Во Основниот суд во Штип денеска започна судењето на Стојанче Зарков – Грофот, кој е обвинет за убиство на својата 84-годишна мајка на 8 август. Судењето беше одложувано двапати, а денешното рочиште беше прво по тие одложувања.

Обвинителката Тања Кацарова од Основното јавно обвинителство-Штип побара најстрога затворска казна, оценувајќи го делото како длабока повреда на општествените и морални вредности. Таа истакна дека насилниот чин од страна на најблискиот член на семејството, родениот син, оставил трајни последици не само во семејството, туку и во општеството во целина.

Бранителот на обвинетиот, Донче Стаменков, кој е определен по службена должност, тврди дека Зарков нема мотив и умисла за убиство и побара ослободителна пресуда. „Сите докази доставени од Обвинителството се контрадикторни и не можат да ја докажат вината на обвинетиот“, рече Стаменков.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран