
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, поранешниот директор на Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ во Штип, на 29 и 31 мај 2024 година, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки. Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување и ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка.



























