УТРО.мк

Нова трагедија ја потресе Македонија: Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа, неколкумина повредени

Нова трагедија ја потресе Македонија: Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа, неколкумина повредени
Vero

Едно лице загина, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на охридскиот аеродром.

Според првичните информации, несреќата настанала при судар на две патнички возила.

На местото на настанот веднаш излегле екипи на Итната медицинска помош, Територијалната противпожарна единица од Охрид и сообраќајната полиција.

Извршен е увид за утврдување на причините и околностите што довеле до трагичниот инцидент.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран