
Нов смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава, со што бројот на починати од оваа инфекција се зголеми на четири.
Како што информираше денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, починатиот пациент претходно бил хоспитализиран на Клиниката 27 дена.
Во меѓувреме, регистриран е и нов сомнителен случај. Станува збор за 24-годишен пациент кој е хоспитализиран со невроинвазивна инфекција и кај кого се испитува можноста за западнонилска треска.
Кај пациентката која беше хоспитализирана вчера, пак, потврдено е присуството на вирусот на западен Нил.

















