
Во Старата скопска чаршија ноќеска се случи сериозен инцидент во кој едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Настанот бил пријавен во 01:11 часот пред угостителски објект, кога дошло до нарушување на јавниот ред и мир и физичка пресметка со употреба на остри предмети.
На местото на настанот интервенирале полициски службеници, при што 22-годишниот А.М.Д. од Турција бил констатиран мртов од лекар на Итната медицинска помош во 01:30 часот, додека 23-годишниот Ч.Е., исто така од Турција, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му е укажана лекарска помош.



























