УТРО.мк

Непалци и Индијци уапсени за производство на дрога во Кавадарци

Непалци и Индијци уапсени за производство на дрога во Кавадарци
Vero

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против пет лица, тројца државјани на Непал и двајца на Индија, сите со престој во Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Како што информираат од полицијата, пријавени се Б.К.Д. (27), С.М.П. (40) и Т.С.Д. (44) од Непал, како и Р.К. (33) и Ј.А. (27) од Индија.

Според наводите, во пријавеното престојувалиште тие неовластено држеле и одгледувале марихуана, која била откриена при полициска акција спроведена во текот на јуни 2025 година.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе се води соодветна постапка.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран