
Маж од гостиварско е приведен откако физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом.
Според информациите, на 22 март 2026 година околу 00:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот Б.С., постапувајќи по пријава од неговата 40-годишна сопруга.
Таа пријавила дека била физички нападната во домот, по што полицијата веднаш реагирала и го привела осомничениот.























