УТРО.мк

Млада скопјанка „оперирала“ низ цела држава: МВР расчисти 12 измами

Млада скопјанка „оперирала“ низ цела држава: МВР расчисти 12 измами
Vero

Министерството за внатрешни работи расчисти вкупно 12 случаи на „измама“, од слобода е лишена 23-годишна скопјанка

По преземени мерки, односно по лишувањето на А.Ј.(23) од Скопје и расчистувањето на три кривични дела „измама“ и едно кривично дело „измама“ во обид над лица од Тетово, Одделот за криминалистичка полиција, по преземени дополнителни понатамошни мерки и активности во кординација и соработка со сите Сектори за внатрешни работи, на 08.01.2026 реализираше уште осум кривични дела „измама“, од кои по едно на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип и по три на подрачјето на СВР Струмица и СВР Велес.
Имено, таа беше лишена од слобода на 07.01.2025 во Скопје, постапувајќи по претходна пријава од лице од Тетово дека се обидела да го измами со наводно издавање под наем во Тетово. По завршената постапката со мерките и активностите, врз основа на претходно решение, А.Ј. е спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово“ за издржување на казна затвор во траење од шест месеци.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран