УТРО.мк

Млад Велешанец со нож нападнал малолетничка и полицајци – по испукани куршуми успеал да избега, се трага по него

Млад Велешанец со нож нападнал малолетничка и полицајци – по испукани куршуми успеал да избега, се трага по него
Vero

23-годишен жител на Велес вчера попладне предизвикал сериозен инцидент на улицата „Хаџи Косте“ откако со нож нападнал малолетничка, ѝ се заканувал на нејзината мајка, а потоа се обидел да нападне и полицајци кои пристигнале на интервенција.

Според информациите од полицијата, инцидентот започнал кога С.У. (23) со остар предмет нападнал малолетничка поради засега непознати причини. Во обид да ја заштити ќерка си, пристигнала и нејзината мајка, но напаѓачот и неа ја нападнал и ѝ се заканувал со прободување.

Настанот бил пријавен од таткото на девојчето, по што на местото веднаш пристигнала полициска патрола. Тие го затекнале осомничениот како држи ножеви и веднаш побарале од него да ги фрли. Наместо да се предаде, С.У. тргнал кон полицајците со заканувачки став, по што биле испукани предупредувачки куршуми во воздух.

И покрај тоа, напаѓачот продолжил да се приближува, по што полицијата испукала уште еден куршум. Тогаш С.У. фрлил еден од ножевите и започнал да бега, при што биле испукани уште два предупредувачки куршуми. Во бегство, осомничениот го фрлил и вториот нож и успеал да избега.

Полицијата и понатаму трага по него, а за инцидентот е известен и Центарот за социјални работи – Велес. Случајот е предмет на истрага.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран