
На 06.04.2026 во 09:50 часот во СВР Тетово, 39-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од З.Ј. од Гостивар за сума од 2.230 евра.
Според пријавеното, во текот на февруари 2026 година, преку посредник, стапил во контакт со пријавениот за царинење на мотоцикл од Швајцарија.
Како што е пријавено, откако се сретнале во Тетово му ги дал парите, З.Ј. не го исполнил договорот и не му ги вратил парите, при што се посомневал дека е измамен.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.























