УТРО.мк

Специјалците се на терен: Масовна акција против подземјето во повеќе градови

Специјалците се на терен: Масовна акција против подземјето во повеќе градови
Vero

Рано утринава, силно полициско присуство, специјалци на терен и координирана акција против нарко подземјето.

Неофицијално, МВР – Бирото за Јавна Безбедност преку Одделот за организиран криминал, заедно со специјалните полициски сили и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец – Скопско.

Порталот „Нетпрес“ пренесува дека на удар била криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со дрога, поточно кокаин, а според првичните информации се вршат претреси на околу петнаесеттина локации и опфатени се повеќе лица од криминалното подземје.

Неофицијално, според информациите на порталот, во рацете на полицијата наводно паднале и имиња добро познати во криминалните кругови

Се очекува официјална потврда од институциите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран