Полициски службеници од СВР Скопје изминатата ноќ извршија контрола на повеќе локации во градот и лишија од слобода повеќе лица, меѓу кои и малолетници, поради поседување дрога.
Меѓу уапсените се М.Р.(41) од Република Србија, Х.К.(32) од Република Турција, како и М.И.П.Ф.(24), М.Ј.(18), А.М.(42) и З.Ј.(31), сите од Скопје. Дополнително, полицијата привела и тројца малолетници на возраст од 16 и 17 години.
При контролата кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосното документирање на случаите, надлежните органи ќе поднесат соодветни пријави и ќе преземат понатамошни законски мерки.



























