УТРО.мк

Малолетничка хоспитализирана со породилни болки: Приведена нејзината мајка

Малолетничка хоспитализирана со породилни болки: Приведена нејзината мајка
Vero

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје вчера попладне била донесена малолетничка во состојба на породилни болки, по што случајот веднаш добил полициска реакција.

Како што соопшти МВР, по пријавата од Клиниката пристигната во 13:40 часот, полициски екипи од СВР Скопје интервенирале и ја лишиле од слобода 38-годишна жена од Скопје, идентификувана со иницијали С.К.

Во рамки на постапката бил повикан и таткото на малолетничката, исто така 38-годишен, со кого бил извршен службен разговор во полициска станица.

За целиот настан е известено надлежното Јавно обвинителство, а од полицијата информираат дека истрагата продолжува со цел целосно расчистување на околностите. По нејзиното завршување се очекува да биде поднесена соодветна кривична пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран