УТРО.мк

Тензично во Арачиново: Полицијата пукала во воздух

Тензично во Арачиново: Полицијата пукала во воздух
Vero

Непознато лице со товарно возило се обидело да прегази полицајци во Арачиново, откако му дале знак за запирање.

„На 24.05.2026 околу 12:00 часот на влезот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило натоварено со дрва, но возачот не застанал и продолжил со движење. Потоа, возачот го насочил товарното возило кон полициските службеници и службеното возило, по што полициските службеници испукале предупредувачки куршуми во воздух. Возачот ги истоварил дрвата на улицата и со возилото се дал во бегство“, објави МВР.

Повредени лица нема, дрвата се предадени на Шумска полиција, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. 

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран