УТРО.мк

Што ќе се случи со долговите кои ги имаат граѓаните во затворената фирма за брзи кредити КРЕДИ ЈЕС?

Што ќе се случи со долговите кои ги имаат граѓаните во затворената фирма за брзи кредити КРЕДИ ЈЕС?
Vero

Министерството за финансии ја одзеде лиценцата на финансиското друштво Креди Јес, со што практично се става клуч на врата на една од најраспространетите компании за брзи кредити во земјава.

Одлуката следува по спроведен вонреден надзор, инициран по пријава од граѓанин, при што биле утврдени сериозни неправилности во работењето. Од Министерство за финансии засега не откриваат детали за конкретните прекршоци, но потенцираат дека се работи за прекршувања на законските прописи.

Со одземањето на лиценцата, се затвораат околу 40 филијали на „Креди Јес“ низ државата, а без работа остануваат над 100 вработени. Компанијата повеќе нема да може да склучува нови договори за кредити, но ќе продолжи со наплата на веќе одобрените заеми.

Овој потег предизвика неизвесност кај граѓаните кои имаат активни кредити во друштвото. Од надлежните институции се очекуваат дополнителни насоки околу начинот на отплата и заштитата на правата на клиентите.

„Креди Јес“ беше дел од пазарот на финансиски услуги од 2019 година и важеше за компанија со широка мрежа на експозитури и значително присуство во сегментот на брзи потрошувачки кредити. Одлуката за одземање на лиценцата отвора ново поглавје во регулирањето на овој сектор, кој во изминатите години бележеше брз раст.

Извор: newz24live

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран