УТРО.мк

Малолетничка група ограбувала во Центар: Шестмина приведени

Малолетничка група ограбувала во Центар: Шестмина приведени
Vero

Шест малолетници од Скопје се лишени од слобода поради сомнение дека со закана ограбиле малолетник, при што еден од нив употребил и остар предмет.

Инцидентот се случил на 4 октомври околу 22 часот на подрачјето на Центар во Скопје. Според информациите од МВР, групата со закана од малолетник одзела пари, додека од друг малолетник се обидела да одземе пари.

Полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода шестмината малолетници и преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

По завршување на постапката, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“, согласно член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран