УТРО.мк

Лишен од слобода скопјанец, украдените пригушници од железничката пруга вратени на „Железници“

Лишен од слобода скопјанец, украдените пригушници од железничката пруга вратени на „Железници“
Vero

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 45-годишниот З.С. од Скопје, кој се сомничи дека извршил две тешки кражби на пригушници од железничка пруга.

Како што информираат од МВР, едната кражба била извршена на подрачјето на Полициската станица Аеродром, додека втората била на подрачјето на Полициската станица Драчево.

По пријавувањето на случаите, полициските службеници презеле соодветни мерки и активности, при што З.С. бил пронајден и приведен во Полициската станица Аеродром.

Во рамки на постапувањето, украдените пригушници биле пронајдени и вратени на сопственикот, „Железници на РСМ“.

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin