УТРО.мк

Кривична пријава за закани кон пратеник: Приведени две лица

Кривична пријава за закани кон пратеник: Приведени две лица
Vero

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.К. (35) и Б.К. (33), двајцата од село Велешта, струшко, поради сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Според пријавата, на 18 мај 2025 година, осомничените преку апликација на социјална мрежа испратиле сериозни закани кон С.С. (42) од Струга, кој е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Заканите биле евидентирани и документирани како дел од истрагата, а надлежното јавно обвинителство е веќе вклучено во постапката.

Полицијата соопшти дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот, а на осомничените им се заканува соодветна казна согласно Кривичниот законик.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран