УТРО.мк

Кривична пријава против директор – 75.000 денари штета за државата

Кривична пријава против директор – 75.000 денари штета за државата
Vero

Кривична пријава против директор на ЈЗУ Здравен дом во Свети Николе за злоупотреба на службена положба и овластување

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.Б.(63) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2025 година, во својство на директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“ во Свети Николе, не постапил согласно одредбите од Закон за користење и располагање на ствари во државна и општинска сопственост и без да спроведе соодветна постапка и без да обезбеди потребна согласност од Владата, отуѓил движни ствари за кои немало соодветни податоци за нивниот вид и количина во вкупна вредност од 75.000 денари.

Со наведеното дејствие, пријавениот овозможил трети лица да се стекнат со противправна имотна корист, нанесувајќи му штета на Министерството за здравство за истиот износ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin