УТРО.мк

Координирана полициска акција – откриен арсенал оружје, 12 уапсени во Скопје

Координирана полициска акција – откриен арсенал оружје, 12 уапсени во Скопје
Vero

Полицијата утрово спроведе голема координирана акција на повеќе локации во Скопје со цел спречување недозволена трговија со оружје и други криминални активности. Претреси биле извршени во Арачиново, Мојанце, Сингелиќ, Чаир, Брест, Љуботен, како и во Ченто и Инџиково.

Според првични неофицијални информации, пронајдени се три автоматски пушки, два пиштоли, значителна количина муниција од различни калибри, пет моторни возила и повеќе мобилни телефони кои се обезбедени за понатамошна истрага. Неофицијално, приведени се 12 лица.

Дел од акцијата била координирана и со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму потврдија дека под раководство на јавен обвинител се извршени претреси поради сомневање за кривични дела поврзани со оружје и дрога.

Полициските активности ќе продолжат и во текот на денот, а се очекува МВР да излезе со официјално соопштение со повеќе детали за утринската акција.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран