На 08.12.2025 во периодот од 11:00 до 14:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државна пазарна инспекција Тетово и Државна трудова инспекција Тетово, извршиле акциска контрола во објекти по однос на производи кои се предмет на акцизни давачки, контрола за поседување на соодветно одобрение за работа на државен празник, контрола на затекнати вработени лица, како и контрола со цел пронаоѓање на предмети кои се спротивни на Законот за девизно работење.
Притоа, извршена е контрола во осум продажни објекти на ул.,,Илинденска“, сопственост на С.З.(44) од с.Мала Речица, на ул.,,29 Ноември“, сопственост на Ж.Ж.(42) од Тетово, на ул. ,,Илинденска“ каде управител е А.А.(37) од Тетово, на ул.,,Маршал Тито“ чиј управител е Ш.М.(31) од Тетово, на ул.,,Илинденска“ каде управител е М.Р.(32) од Тетово, на ул.,,Илинденска“ каде управител е Х.С.(22) од Скопје, на ул. ,,Маршал Тито“ чиј управител е М.Р.(32) од Тетово и на ул.,,Маршал Тито“ каде управител е А.Ш.(35) од Тетово. За време на контрола, од службените лица од Државен пазарен инспекторат пронајдени и одземени се 322 парчиња електронски цигари, 32 кутии масло за електронски цигари, пет штеки и 132 кутии разновидни цигари, 52 парчиња цигари – пури и 1,800 грама тутун, за што презедоа и соодветни мерки од нивна надлежност.



























