Во Летонија сè повеќе жени се одлучуваат да изнајмат „маж на час“ за помош со домашните работи, како што се варосување, монтажа на телевизори и местоње на завеси.
Според податоците на Евростат, во државата има повеќе жени отколку мажи, а според „Ворлд Атлас“, голем дел од населението е постаро од 65 години. Ова создава вакуум за социјални и практични услуги кои сè повеќе се популаризираат.
„Не гледам ништо лошо во тоа, но за позабавен живот, би сакала да има повеќе мажи со кои би можела да се дружам, па и да флертувам. Многу мои пријателки ја напуштија земјата по потрага по соодветен партнер“, изјави Данија, една од корисничките.
Една од платформите која нуди вакви услуги е „Remontdarbi.lv“, каде жените можат да изнајмат „мажи на еден час“ за извршување различни домашни задачи.



























