Сега се поставува прашањето кого (не)штитат институциите, си ја знаат работата , имаат одговорност, или се е оставено на случајност во стилот кој ќе преживее ќе раскажува!
Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена пред таа и нејзиниот татко Киро Коцев (68) да бидат брутално убиени од нејзиниот поранешен партнер Илија Стефановски.