УТРО.мк

Камерите го открија: Граѓанин лажно тврдел дека е малтретиран од полицајци

Камерите го открија: Граѓанин лажно тврдел дека е малтретиран од полицајци
Vero

Основното јавно обвинителство во Велес ќе отвори истрага против П.М., граѓанин кој наводно намерно лажно пријавил двајца полицајци од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес. Пријавата е поднесена од Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи, кој утврдил основано сомнение за кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

Според информациите од МВР, на 23 септември 2025 година, П.М. се обратил во СВР Велес, тврдејќи дека бил малтретиран од полициските службеници за време на сообраќајна контрола. Но, системот за снимање со мобилни камери ја демантирал неговата приказна – снимките јасно покажуваат дека полицајците не сториле никакво незаконско дејство.

„Иако бил предупреден за последиците од лажно пријавување, П.М. свесно и намерно поднел пријава против службениците, предизвикувајќи непотребна интервенција на органите на прогонот и загрозувајќи го нивниот углед и права“, велат од МВР.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран