Во Кочани, 62-годишна жена пријавила измама од две жени кои дошле во нејзиниот двор и ѝ рекле дека ѝ е направена магија. За да ѝ помогнат, тие побарале пари и личен накит.
Жената им ги предала побараните предмети, по што лицата си заминале. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.


























