УТРО.мк

ИЗМАМА СО ЛАЖНА ПРОДАЖБА НА КУЌА ВО ТЕТОВО – МВР СО ДЕТАЛИ

ИЗМАМА СО ЛАЖНА ПРОДАЖБА НА КУЌА ВО ТЕТОВО – МВР СО ДЕТАЛИ
Vero

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против четири лица од Тетово и околните општини поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавени се Ш.Ф. (54) од Тетово, М.Ф. (29) од село Долно Количани, општина Студеничани, И.А. (54) од село Шемшево, општина Јегуновце и З.З. (48) од Тетово.

Според информациите од полицијата, прво- и второпријавениот во декември 2024 година со лажно прикажување на факти измамиле жена, уверувајќи ја дека ќе ѝ посредуваат при купување куќа во Тетово, наводно сопственост на нивни роднини, за цена од 135.000 евра. Оштетената во два наврати им исплатила вкупно 8.600 евра.

Во март 2025 година, откако открила дека недвижноста е во сопственост на друго лице и се обидела случајот да го пријави во полиција, третопријавениот ја одвратил од таа намера. Подоцна, тој го запознал и четвртопријавениот со случајот, по што оштетената по извесен период добила назад 5.100 евра.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран