УТРО.мк

Измама преку електронска пошта: тетовец изгубил над 175 илјади денари

Измама преку електронска пошта: тетовец изгубил над 175 илјади денари
Vero

На 05.05.2026 во СВР Тетово, 32-годишен маж од тетовско село, управител на правно лице од истото село, пријавил дека бил измамен преку електронска пошта за сума од 175.275 денари.

Според пријавата, на 06.03.2026 година тој добил електронска порака испратена од адреса која визуелно наликувала на соработник од странска држава. Во пораката била приложена профактура, по што, верувајќи дека станува збор за валидна деловна комуникација, извршил уплата на наведената сума на банкарска сметка која подоцна се покажала како погрешна.

Измамата била откриена дури на 05.05.2026 година, по телефонски разговор со вистинскиот деловен соработник, кога станало јасно дека комуникацијата и фактурата биле лажни. Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран