УТРО.мк

Инциденти во Кичево и Прилеп: кривична пријава за насилство и приведени четири лица по физичка пресметка

Инциденти во Кичево и Прилеп: кривична пријава за насилство и приведени четири лица по физичка пресметка
Vero

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.У. (44) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според пријавата, на 21.03.2026 година во Кичево, по претходна расправија, пријавениот со патничко возило удрил во три лица, при што тие се здобиле со повреди.

Во одделен случај, на 05.05.2026 година во 19:00 часот на улицата „Марко Деспотоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода К.Ј. (65), Р.Ј. (64), А.Ј. (26) и Г.Д. (25), сите од Прилеп.

Тие се сомничат дека учествувале во нарушување на јавниот ред и мир преку меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран