УТРО.мк

Излетал „опел“ во Тетовско – тешко повреден 19-годишен возач, повредена и 14-годишна сопатничка

Излетал „опел“ во Тетовско – тешко повреден 19-годишен возач, повредена и 14-годишна сопатничка
Vero

Две млади лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 22:50 часот на регионалниот пат Желино–Сиричино, во тетовскиот регион.

Како што соопшти СВР Тетово, возило марка „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.Ш. од село Шемшево, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека 14-годишна девојка, која се наоѓала на совозачкото седиште, се здобила со телесни повреди.

Повредените биле пренесени и згрижени во Клиничката болница во Тетово. На местото на несреќата извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Тетово, а се работи на целосно расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран