УТРО.мк

Голема полициска акција – Претреси на седум локации низ државата

Голема полициска акција – Претреси на седум локации низ државата
Vero

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, во координација со одделенијата при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата.

Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно седум локации, со цел обезбедување докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во Кривичниот законик. Еден од претресите е кај лице кое се поврзува со бугарско здружение во државава.

Од МВР информираат дека во текот на претресите се одземаат компјутерски уреди и дигитални податоци кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа и ќе послужат како доказен материјал во истрагата.

Според неофицијални информации, едно од лицата опфатени со акцијата се поврзува, медиумски ангажмани односно поткасти.

Од институциите засега не откриваат дополнителни детали за акцијата бидејќи е во тек.

Се очекува по завршување на акцијата да бидат соопштени повеќе информации за резултатите објави Скопје1.мк

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран