
На 27.05.2026 во 13:30 часот во СВР Тетово, Ф.И.(36) од Тетово пријавил дека околу 05:30 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во неговото возило „пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки, по што почнало да го следи низ градот.
Според пријавеното, исплашен од ситуацијата, тој продолжил да бега со возилото. На крстосницата помеѓу улиците „Видое Смилевски Бато“ и „29 Ноември“ забележал службено возило на МВР со вклучени ротациони светла зад него, но поради страв не застанал и продолжил кон новиот пат за село Порој.
Во еден момент изгубил контрола над возилото и се превртел на кров.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.















