УТРО.мк

Фатална сообраќајна несреќа на Плетвар, возачот загинал на лице место

Фатална сообраќајна несреќа на Плетвар, возачот загинал на лице место
Vero

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на превојот Плетвар, во близина на ресторанот „Че“, при што, според првичните неофицијални информации, животот го загубил возач на камион-кипер.

Според првичните сознанија, камионот кој превезувал песок од засега непознати причини излетал од коловозот и се превртел. Во несреќата, возачот им подлегнал на повредите.

Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола е целосно блокиран. На терен се формирани долги колони возила, а застој има и во тунелите на Дреновската клисура.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата, по што ќе бидат познати причините за трагедијата. Засега нема информации кога сообраќајот ќе биде нормализиран.

Надлежните апелираат возачите да бидат трпеливи и да ги следат насоките на сообраќајната полиција.

Извор: Телма

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin