Утринава во Чаир е спречен обид за разбојништво во маркет на улицата „Џон Кенеди“. Според информациите од МВР, околу 04:50 часот било пријавено дека три лица насилно влегуваат во маркетот.
На местото веднаш реагирале екипи од Единицата за интервентна полиција и Полициската станица Бит Пазар. Кога ги забележале полицајците, осомничените се обиделе да побегнат, при што еден полициски службеник испукал предупредувачки истрел во воздух.
„Со брза акција на полицијата, од слобода беа лишени лицата А.Х. (23) и Е.А. (19), додека едно лице е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање,“ информираа од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.