На 07.12.2025 во 02:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с.Лешок, го лишија од слобода Д.Т.(54) од с.Ратае. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат пунто“, кое Д.Т. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,96% промили алкохол во крвта.
Исто така, во 02:40 часот на регионален пат Тетово-с.Волковија, во с.Брвеница, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Брвеница. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, кое Н.С. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,63% промили алкохол во крвта.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 297- а ,,безобзирно управување на моторно возило”.
Двајца пијани возачи фатени за една ноќ во Тетовско – еден со речиси 2 промили!



























