Попладнево на 30 јуни, околу 17 часот, во „Жена парк“ во Тетово се случил инцидент во кој 50-годишен тетовец пријавил дека бил физички нападнат и ограбен. Според пријавата поднесена во СВР Тетово, С.Б. бил нападнат од лице со иницијали Х.К., додека претходно му биле одземени пари од страна на И.К., исто така од Тетово.
Надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот, а мотивите за нападот засега не се познати. Очевидци велат дека инцидентот се случил пред други посетители на паркот, што дополнително ја вознемирило јавноста.