Рано утрово, околу 03 часот, на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, патничко возило „Волво“ со американски регистарски ознаки излетало од коловозот, информираа од ОВР Кичево.
Возилото го управувал Ф.А. (32) од Кичево, кој во несреќата се здобил со телесни повреди. Сериозно повредена е сопатничката А.З. (25) од Кичево, кај која биле констатирани тешки телесни повреди во Медицинскиот центар Кичево.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, а причините за сообраќајката дополнително се утврдуваат.


























