На грчкиот остров Миконос се случи голема тепачка меѓу пијани туристи и полицајци кои се обидоа да воспостават ред, објави Прототема.
Сè започна кога две групи Италијанци влегоа во жестока расправија, која брзо ескалираше во тупаници и туркање. Полициските службеници кои пристигнаа на местото се обидоа да ги разделат страните, но наидоа на неочекуван отпор – туристите ги нападнаа и не послушаа наредби.
Видео објавено на Фејсбук покажува како полицијата се бори да ги смири насилниците, додека пијаните Италијанци ги удираат и се обидуваат да избегаат низ кордонот. Се слушаа и вресоци, додека минувачите со неверување ја следеа драмата во центарот на островот.
По неколку минути жестока борба, полицијата успеа да ги уапси насилниците, да им стави лисици и да ги однесе во полициската станица, со што заврши хаотичната епизода што ја потресе Миконос.
https://www.facebook.com/share/r/1AGbpuofrm/?mibextid=wwXIfr