Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во денешното обраќање најави нов пакет економски мерки насочени кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и заштита на основниот животен простор.
Вучиќ изјави дека Владата работи на програми со кои ќе се обезбеди раст на платите и пензиите, и покрај намалената стапка на економски раст, како и мерки за задржување на цените и трошоците за живот под контрола. Дополнително, тој најави и пониски каматни стапки за потрошувачки и станбени кредити, што според него ќе влијае позитивно врз животниот стандард.
Посебен акцент стави на прашањето за извршителите, потенцирајќи дека ќе се работи на тоа тие повеќе да немаат право да им одземаат станови и куќи на граѓаните.
„Сметам дека ова е една од приоритетните точки на мојата работа во наредниот период. Многу наскоро, во следните седум до десет дена, ќе ја презентирам целосната програма“, рече Вучиќ.