УТРО.мк

Вози 160 км/ч, има Wi-Fi и работи на два погона: Хрватска го покажа новиот воз

Вози 160 км/ч, има Wi-Fi и работи на два погона: Хрватска го покажа новиот воз
Vero

Хрватската компанија „Конčар“ го претстави својот нов хибриден електродизелски воз на саемот за транспортна технологија InnoTrans во Берлин.

Станува збор за модерен бимодален воз наменет за долги релации, кој може да сообраќа и на електрифицирани и на неелектрифицирани железнички линии. Тоа му овозможува непрекинато движење и на делници со различно опремена железничка инфраструктура. (KONČAR)

Првиот воз од серијата минатата недела беше пуштен во редовен сообраќај на релацијата Загреб–Сплит, додека вториот примерок беше претставен пред меѓународната јавност во Берлин.

Возот има 150 седишта, бесплатен Wi-Fi, приклучоци за струја, современ информативен систем, простор за велосипеди и пристап за лица со намалена подвижност. Во него има и автомати за кафе, други топли пијалаци, вода, сокови и закуски. (KONČAR)

Релацијата Загреб–Сплит е долга 429 километри. Од Загреб до Оштарије, во должина од 103 километри, пругата е електрифицирана, додека преостанатите 326 километри до Сплит не се електрифицирани. Токму поради тоа новиот хибриден погон овозможува возот да продолжи сообраќај без промена на возот или локомотивата. (KONČAR)

Новиот воз може да достигне брзина до 160 километри на час, а од една управувачница може да се управува со до три споени композиции, со што капацитетот може да се приспособи според потребите.

Во рамките на проектот се набавуваат шест вакви електродизелски возови за ХЖ Патнички превоз, со финансиска поддршка од Европската инвестициска банка преку заем од 57,3 милиони евра. До крајот на годината се очекува во сообраќај да бидат пуштени уште пет возови од оваа серија. (KONČAR)

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран