УТРО.мк

Ужас во Босна и Херцеговина: најмалку седум лица загинаа во пожар во дом за пензионери

Ужас во Босна и Херцеговина: најмалку седум лица загинаа во пожар во дом за пензионери
Vero

Најмалку седум лица загинаа во пожар кој изби вечерва во дом за пензионери во Тузла, потврдија локалните медиуми и Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон.

Пожарот избувнал нешто по 20 часот во еден од апартманите на повисоките ката на домот, по што на местото на настанот веднаш пристигнале бројни екипи на пожарникари и брза помош.

Покрај загинатите, голем број повредени биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, каде што им се укажувала итна медицинска помош. Меѓу повредените има и полициски службеници кои учествувале во евакуацијата на станарите на домот.

Најголем број од хоспитализираните се со труење од чадот предизвикан од пожарот. Пожарот бил целосно изгаснат нешто по 22 часот, а се врши увид за да се утврдат причините за трагичниот настан.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран