УТРО.мк

Турција ја засилува противвоздушната одбрана: Системот „Патриот“ распореден поради заканите од Иран

Турција ја засилува противвоздушната одбрана: Системот „Патриот“ распореден поради заканите од Иран
Vero

Анкара денес соопшти дека во југоисточниот дел на земјата е поставен американски противвоздушен и противракетен систем „Патриот“ како дел од проширените безбедносни мерки на НАТО заштита. Во официјалната објава на турското Министерство за одбрана, се нагласува дека покрај домашните сили, сојузниците од НАТО ги засилиле средствата за воздушна одбрана со цел да се обезбеди неприкосновеност на националниот воздушен простор.

Според министерството, системот „Патриот“ е доставен во провинцијата Малaтја и е привремено поставен додека траат подготовките за негова целосна оперативна спремност да одговори на сите потенцијални закани.

Оваа одлука на турските власти следи по тензии со Иран, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го предупреди Техеран да ги прекине „провокативните акции“ по инцидентот со балистичка ракета која навлегла во турскиот воздушен простор. Турската државна новинска агенција Анадолу го пренесе ставот на Ердоган дека станува збор за сериозна повреда на територијалниот суверенитет.

Министерството за одбрана на Турција претходно соопшти дека балистичката ракета, за која се верува дека е иранска, навлегла во турскиот воздушен простор пред да биде уништена од противвоздушните средства на НАТО кои оперираат во источниот Медитеран.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран