
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска одлучи да се повтори пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани на 28 декември 2025 година. Одлуката следи по извештаите за манипулации со гласовите на кандидатите, додека резултатите за политичките партии покажуваат минимални и занемарливи промени.
Претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи, објасни дека пребројувањето открило неточности кај гласовите на кандидатите: 36.007 гласови биле одземени, а 20.978 гласови неправилно додадени на други кандидати. Овие разлики укажуваат на сериозни проблеми во броењето на кандидатските гласови во рамките на политичките субјекти.


























