УТРО.мк

Богојавление – Водици свечено одбележано меѓу Македонците во Албанија, Данко Марко го фати крстот во Пустец

Богојавление – Водици свечено одбележано меѓу Македонците во Албанија, Данко Марко го фати крстот во Пустец
Vero

Православниот празник Богојавление – Водици беше свечено одбележан во средините во Албанија каде што живеат православните Македонци. Во Мала Преспа, верниците традиционално се собраа во селските цркви, каде што беа одржани литургии од страна на свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири.

По богослужбите, според вековната традиција, со крст украсен со босилек, верниците се упатија кон брегот на Преспанското Езеро, каде што беше положен светиот крст во сите девет села од овој крај.

Во Пустец, седиштето на Општината, по богослужбата во црквата „Свети Атанасиј“, што ја одржа отец Темелко, осветениот крст беше положен во езерските води. Најсреќен меѓу учесниците беше Данко Марко, кој го фати крстот и на сите им посака здравје, среќа и благосостојба.

Празникот на своите сограѓани им го честиташе и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, кој истакна дека традицијата мора да се негува и пренесува на младите генерации, додавајќи дека Данко Марко ќе биде соодветно награден од Општината.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран