УТРО.мк

Трифонов со навредливи пораки до Македонците: „Порано или подоцна ќе бидете асимилирани“

Трифонов со навредливи пораки до Македонците: „Порано или подоцна ќе бидете асимилирани“
Vero

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов, упати навредливи пораки и тврдења со кои го негира македонскиот идентитет, коментирајќи ја меѓународната потерница по Ива Михајлова.

Во објава на социјалните мрежи, Трифонов го оспори повикувањето на македонските власти на меѓународното право, обвинувајќи ја земјава дека не ги почитува договорите со Бугарија, Договорот за добрососедство од 2017 година и обврските поврзани со европската интеграција.

Потоа, тој изнесе националистички тврдења дека Македонците се Бугари и порача дека „порано или подоцна“ ќе бидат асимилирани. Во објавата употребува и називи со кои го оспорува нивното национално самоопределување.

Во врска со Михајлова, Трифонов изрази уверување дека бугарските институции нема да ја предадат на Македонија. Тој тврди дека таа ќе остане во Бугарија и ќе се лекува во болницата „Пирогов“.

Неговата објава претставува политички став и не е одлука на надлежните институции за постапувањето по барањето за нејзино предавање.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран