Трагедија кај Нови Сад: загина млад џудист на Партизан, неколкумина повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи во раните утрински часови на автопатот во близина на Нови Сад, при што загина 16-годишен џудист од белградски Партизан, а неколку негови соиграчи се повредени.
Според српските медиуми, младите спортисти се враќале од меѓународен турнир во Азербејџан кога комбето со кое патувале излетало од патот. Едно момче починало на лице место, додека две момчиња и возачот се со тешки повреди и се хоспитализирани на Одделението за интензивна нега во Нови Сад. Останатите патници се задржани во болница на набљудување.
Неофицијално, автомобил со девојки од истиот клуб патувал пред комбето, а групата направила кратка пауза само неколку минути пред несреќата. Според сведоци, возачот бил одморен, но причините за излетувањето сè уште се утврдуваат.
Младите џудисти се враќале со четири освоени медали од натпреварот во Азербејџан.































