Министерката за финансии Гордана Димитриеска–Кочоска најави дека пензиите во Македонија ќе пораснат за 1.000 денари од март следната година, со можност за дополнително зголемување во септември, во зависност од одлуката на Владата.
Таа објасни дека растот на пензиите ќе следи согласно законот и ќе биде поврзан со природниот пораст на просечната плата. „Илјада денари добија сега пензионерите, согласно пресметките исто толку ќе биде и во март следната година, а во септември дополнително ќе се одлучува за евентуално линеарно зголемување“, рече Димитриеска–Кочоска.
Министерката додаде дека недостигот на работна сила и тековните економски процеси во земјата укажуваат на тоа дека растот на пензиите ќе продолжи и во наредниот период, секогаш во рамките на законските прописи.































